Ќе се прашува за спортскиот директор и тренерот, но изгледа дека и Килијан Мбапе ќе се прашува за составот на тимот следната сезона… Мбапе ја прифати најголемата понуда во историјата на фудбалот, Реал го одби, па „светците“ сега можат да се посветат самите да решаваат други работи, односно формирање на дотичниот тим.
Пари Сен Жермен има две цели. Првата е доведувањето на Усман Дембеле (24) од Барселона. На напаѓачот му истекува договорот со каталонскиот клуб и тој е слободен да избере нова средина. Како што пишува Спорт. ес, еден од условите за останување на Мбапе во ПСЖ е да се доведе Усман Дембеле! Инаку, Дембеле треба да го замени Аргентинецот Анхел ди Марија, кој го напушти клубот од Паркот на принцовите.
Според француски L Parisien, другата цел на Пари Сен Жермен е да го продаде Нејмар! „Светците“ сакаат да го продадат Бразилецот, но засега нема заинтересиран клуб со оглед на астрономската плата што ја добива. Покрај тоа, има договор до 2025 година. Шпанските медиуми пишуваат дека Нејмар во неделата бил виден во Барселона. Кој знае, можеби ќе има размена Нејмар-Дембеле…
Да потсетиме, доаѓањето на Нејмар во ПСЖ од Барса е најголемиот трансфер во историјата на фудбалот. Тогаш пред пет години парижаните го ангажираа за 222 милиони евра. Но, со него како најголема ѕвезда во тимот не успеаја да го остварат сонот – да ја освојат Лигата на шампионите. Сезонава поради повреди отсуствуваше 135 дена и на вкупно 22 натпревари.
Нејмар беше најголемата ѕвезда на „светците“. Сега работите се сменија. Сега тоа е Килијан Мбапе. А неговиот збор вреди во Пари Сен Жермен…