Пари Сен Жермен напорно бара замена за Килијан Мбапе и откако досега не успеа да го ангажира Хвича Квалацелија, францускиот шампион се насочи кон Џејден Санчо од Манчестер Јунајтед. Веста ја пренесе Фут Меркато, а ја потврди и весникот „Екип“.
ПСЖ веќе неколку дена преговара со англискиот офанзивец. Санчо се согласиl да игра во Париз, под услов двата клуба да се договорат за трансферна сума. Англичанецот минатата сезона играше како позајмен во својот поранешен тим Борусија Дортмунд, со кој стигна до финалето на Лигата на шампионите.
Преговорите меѓу двата клуба би можеле да вклучат и размена на играчи, бидејќи Јунајтед сака да го ангажира Мануел Угарте. ПСЖ е исто така заинтересиран за капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, според некои извори, но оваа зделка најверојатно нема да се реализира ова лето.