221
Казна од 200.000 денари за фабриката „Техникал Текстајл” во штипската ТИР зона поради побелувањето на водата на река Брегланица, на 23 јуни 2020 година.
-Основниот суд во Штип претставен од судија поединец донесе Пресуда поради признание на вина, со која управителот на правното лице и правното лице се огласени за виновни и осудени на парична казна и тоа: на управителот на правното лице за сторено кривично дело од чл.218 ст.4 в.в. ст.1 од КЗ му е изречена парична казна во износ од 2000 евра во денарска противвредност од 123.000 денари, а на правното лице за сторено кривично дело од чл.218 ст.6 в.в. ст.1 од КЗ му е изречена парична казна во износ од 200.000 денари, се вели во соопштението од Основен суд-Штип.