Парична награда за воено-медицинскиот кадар кој се вклучи во борбата против ковид-19

од Берта Китинска

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска информираше дека Владата го прифатила нејзиниот предлог, за исплата на еднократна парична награда на медицинските работници од Министерството за одбрана кои што се вклучени во лекувањето на болните од КОВИД-19.

-Лекарите и медицинскиот персонал од Воено медицинскиот центар, кои заедно со колегите од јавното здравство секојдневно се борат за животите на заболените од КОВИД 19, ќе добијат еднократна парична награда. Владата го прифати мојот предлог, како израз на благодарност за нивниот беспоштеден ангажман за помош на болните, напиша Шекеринска на својот Фејсбук профил.

Слични содржини