Парис Хилтон се наближува до својот 40 роденден, но се уште може да се пофали со младолика кожа, пишува Miror.
– Мојата мајка секогаш ме учеше да бегам од сонцето и колку е важна грижата за кожата – објаснила Парис.
Кога сака да посегне за некоја крема, манекенката и актерка користи производи кои го носат само нејзиното име и презиме.
Освен што ги користи само своите проиводи, Парис од својата осма година користи крем за кожата во вредност од 165 долари. Богатата наследничка на семејството Хилтон тврди дека никогаш немала ниту една операција.
– Целосно сум природна и прилично сум горда на тоа – рекла Парис.
Минатата година таа признала дека дури не користи ниту ботокс, а ни филери. Сепак, истакнува дека најмногу е опседната со својата кожа.
Токму таа залуденост со козметички производи ја натерало и дамата да поткрене свој бренд. Во интервју рекла дека сака нејзините производи да бидат толку многу совршени што луѓето нема да имаат потреба од ботокс и филери.
– Она што е единствено за мојата козметика е што вусшност ја поседувам најновата про-ДНК која ја создадовме, а таа всушност промовира подмладување на клетките што помага да се создаде колаген, остранувајќи ги сите линии од кожата – рекла Парис.