Парис состави листа на свадбени подароци: Сака вазни, садови и украси за 50.000 евра

од Vladimir Zorba
457 прегледи

Ријалити ѕвездата и богата наследничка Парис Хилтон наскоро ќе се омажи за претприемачот Картер Реум, а направила список со подароци кои ќе ги добие од гостите од луксузна продавница, што, исто така, ја избрала.

Хилтон бара од гостите многу кристални предмети за куќата, како и сребрена рамка за слика „Buccellati“ вредна повеќе од 2.600 евра.

Сакала и скап свеќник во форма на светилка, кој чини околу 1.000 евра, како и кристална фигура на мечка вредна повеќе од 300 евра.

Богатата наследничка сака да ја опреми својата кујна со послужавник со орев од 800 евра, кристален држач за кавијар кој чини 850 евра, како и чаша за шампањ „Baccarat“ вредна повеќе од 800 евра.

На листата на Парис се наоѓаат дури осум комплети „Mosaique Au 24 Platinium“ на Hermes, кои вкупно вредат повеќе од 6.000 евра.

Вкупната вредност на подароците на листата на Париз е повеќе од 50.000 евра.

Гостувајќи во „The Tonight Show“, наследничката откри дека во текот на викендот кога ќе се омажи ќе се пресоблече дури десет пати.

„Тоа ќе биде како тридневна афера. Имам многу испланирано“, изјави Парис.

Слични содржини