Парис Хилтон го откри името на својот син

од Radmila Tasevska

Парис Хилтон го откри името на новородениот син.

„Моето прекрасно момче се вика Феникс Барон Хилтон Реум. Картер и јас сме многу горди што му посакавме добредојде на овој свет“, рече таа во подкастот This is Paris. Манекенката изјавила дека планира да добие ќерка, на која ќе и го даде името Лондон.

„Со години размислувам за имињата на бебињата“, додаде Парис, истакнувајќи дека Феникс се залага за „надеж и повторно раѓање“. Средното име на момчето, Барон, го избрала Парис во чест на нејзиниот покоен дедо, Барон Хилтон.

За потсетување, Парис Хилтон на крајот на јануари го изненади светот со фотографија на Инстаграм на која објави дека станала мајка.

„Да бидам мајка отсекогаш ми беше сон. Многу сум среќна што Картер и јас се најдовме. Возбудени сме што ќе продолжиме да го градиме нашето семејство заедно. Нашите срца ќе пукнат од љубов кон нашето мало момче“, таа рече тогаш. Инаку, сопружниците добија дете преку сурогат мајка.

Ова е прво дете на Хилтон, додека нејзиниот сопруг Картер Реум веќе има ќерка (10) со ријалити ѕвездата Лаура Белизи.

Слични содржини