Дамите родени и одгледани во Париз сигурно се слават како едни од најголемите модни предводнички.
Токму со оваа тема се развива и новата рекламна кампања на истоимената модна куќа на Карл Лагерфелд.
Кајзер Карл ги ангажира за лица на култнара колекција ” Paris” моделите Хејли Болдвин и Џоан Смолс.
Двете позираат во кадри, на позадината на Ајфеловата кула и мостот Пон Нјоф – едни од најпрепознатливите обележја на градот во целиот свет.
Моделите ги покажуваат новите предлози на брендот, меѓу кои компоненти од чипка, облека и јакни, инспирирани од моторните спортови.
Сите кадри се снимени во црно-бел дизајн и се дело не на кого да е, туку на веќе усовршениот објектив на Карл Лагерфелд.
Целата рекламна кампања кон модната куќа Karl Lagerfeld можете да ја видите во нашата галерија.