Парите не се проблем за Ливерпул: Семејството на Жота обезбедено за уште две години

од Vladimir Zorba
21 прегледи

Светот беше шокиран од веста дека португалскиот интернационалец Диого Жота загинал заедно со својот брат во сообраќајна несреќа.

Оттогаш, илјадници луѓе дојдоа на Енфилд за да му оддадат почит на играчот кој ги остави зад себе своите родители, сопруга и три деца, како и бројни пријатели и фанови на играта.

Целиот тим на Ливерпул е преплавен од тага. Од моментот кога се дозна дека Жота починал, сегашните и поранешните соиграчи се обратија за да изразат сочувство.

Португалскиот весник „Рекорд“ денес објави информација дека клубот ќе ги исплати преостанатите две години од неговиот договор на семејството на Жота. Логичен и единствен правилен гест од клубот од Премиер лигата.

Дополнително, Ливерпул одлучи да го повлече дресот на Жота, а раководството на клубот веќе ја соопшти својата одлука до навивачите, кои се согласуваат со неа.