Париз: Мирот не значи капитулација за Украина

„Мирот не значи капитулација“ - вака францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро го коментираше протечениот руско-американски мировен план за Украина синоќа пред состанокот на министрите за надворешни работи во Брисел.

од Vladimir Zorba
14 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

„Мирот не значи капитулација“ – вака францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро го коментираше протечениот руско-американски мировен план за Украина синоќа пред состанокот на министрите за надворешни работи во Брисел.

„Сакаме мир, и Украинците – праведен мир, кој го почитува суверенитетот на сите, одржлив и не може да биде доведен во прашање со агресија во иднина. Но, мирот не може да биде капитулација. Не сакаме капитулација на Украина. Украинците, кои херојски се спротивставуваат три години, ќе отфрлат секаков облик на капитулација. Доволно е да се разгледаат анкетите на јавното мислење за да се види дека украинскиот народ категорично отфрла секаков облик на капитулација“.

Баро објави дека министрите за надворешни работи ќе усвојат санкции против шест руски судии одговорни за политичките судења во Русија и четири високи функционери на руските затвори за малтретирање на политичките затвореници. Тој изрази очекување дека 20-тиот пакет санкции против Русија ќе биде усвоен до крајот на годината, како и дека министрите ќе постигнат договор за репаративниот заем за Украина.

„За да се стави крај на војната во Украина, Украинците и Европејците мора да се согласат и со мировните планови“, изјави високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, потсетувајќи дека има една жртва и еден агресор. Министрите ќе разговараат и за акциите против руската флота во сенка.