Париз штеди струја: Ајфеловата кула под рестрикции

од Nikola Popovski
168 прегледи

За да заштеди енергија во текот на зимата што претстои, Париз ќе ги исклучи светлата на Ајфеловата кула еден час порано од вообичаеното, ќе ја намали температурата на водата во градските базени и ќе го одложи почетокот на греењето во јавните згради, објави во вторник градоначалничката на Париз, Ан Идалго.

Земјите низ Европа се обидуваат да најдат начини да ја намалат потрошувачката на енергија и да го наполнат складирањето на гас во случај на целосно затемнување.

Франција не е толку зависна од рускиот гас во споредба со некои соседни земји, но рекордниот број исклучувања на нуклеарни реактори ја принудија да увезува енергетски извори, со што се зголемува притисокот врз пазарите на електрична енергија.

И покрај сето ова, Идалго изјави дека „Париз секогаш ќе биде град на светлината“.

Најпрепознатливиот симбол на Париз, Ајфеловата кула, моментално е осветлен до 1 часот по полноќ со специјален систем за осветлување што му дава треперлив златен сјај.

Исклучувањето на светлата во 23:45 часот би ја намалило потрошувачката на енергија за 4 проценти.

Идалго најави и дека од 23 септември светлата во јавните згради во Париз ќе бидат исклучени во 22 часот.

Слични содржини