Вработените во Ајфеловата кула започнаа штрајк, прекинати посетите денеска

од Stefanija Kuzmanovska

Вработените во Ајфеловата кула во Париз денеска започнаа штрајк барајќи повисоки плати и подобро одржување на споменикот, една од најпопуларните туристички дестинации.

Посетите на Ајфеловата кула денеска беа прекинати, а синдикатот CGT, кој претставува голем број вработени во кулата, објави дека целта на штрајкот е зголемување на платите сразмерно на продажбата на билетите и подобрување на одржувањето на споменикот, кој е во сопственост на париската општина, пренесува АП.

Туристите се предупредуваат на неколку јазици на веб-страницата на кулата дека денеска поради штрајкот посетите се невозможни.

Ајфеловата кула, која бележи пораст на посетители пред Летните олимписки игри во францускиот главен град, вообичаено е отворена 365 дена во годината, но повремено е погодена од штрајкови.

Ајфеловата кула годишно ја посетуваат околу седум милиони луѓе, од кои три четвртини се странци.

Слични содржини