ПАРИЖАНИ БЕГААТ ОД ГРАДОТ: Главниот град на Франција се заклучува на еден месец (ФОТО/ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
356 прегледи

Парижаните во голем број ја напуштаат престолнината на Франција пред новата блокада насочена кон запирање на порастот на случаи со коронавирус.

Новите ограничувања, објавени од премиерот Жан Кастекс доцна во четвртокот, ќе стапат на сила на полноќ и ќе опфатат околу една третина од населението во земјата, вклучително и Париз и неколку други региони на север и југ, пренесе „Гардијан“.

Претседателот Емануел Макрон денес инсистираше на тоа дека зборот „заклучување“ не е соодветен за да се опише стратегијата на владата.

Сепак, мерките со кои се забранува да се напушта парискиот регион, ги натераа многумина да го напуштат Париз и да се упатат кон области со полесни ограничувања.

Според Националните железници, возовите за тие дестинации сега се целосно резервирани откако претходниот петок имаа 60-70 проценти искористеност, објави „Танјуг“.

Слични содржини