Хаос на лет кон Турција: Жена излажирала породилни болки, луѓе започнале да бегаат од авионот

од Stefanija Kuzmanovska

Авион со комерцијален лет на релација Мароко-Турција принудно слета на аеродромот Ел Прат во Барселона, откако една жена лажирала породилни болки.

Во таа прилика 28 мигранти се обиделе да избегаат трчајќи преку пистата, соопшти шпанската полиција.

Тие се обиделе да избегаат додека ја одведувале жената од авионот.

Драмата се случила утрово околу 04:30 часот.

Според извештаите, полицијата уапсила 14 лица, меѓу кои и жена која тврдела дека ќе се породи, откако лекар ја прегледал и утврдил дека таа воопшто не е бремена, пишува Daily Mail.

Пет лица наводно се согласиле доброволно да се вратат во авионот.

Овој инцидент потсетува на оној што се случи минатиот ноември, кога повеќе од 20 патници, кои исто така летаа од Казабланка за Истанбул, се обидоа да побегнат во Мајорка, кога еден од патниците излажира дијабетична кома.

Слични содржини