Почина таткото на Тоше Проески

од Nikola Popovski

Почина Никола, татко на еден од најпознатите музичари во македонската историја, Тоше Проески. Неговата ќерка и сестра на Тоше, Дора Проеска се огласи на социјалните мрежи.

-Светол патот татко мој, објави кратко Проеска на својот Фејсбук профил, објавувајќи фотографија од Никола и Тоше.

Доминика и Никола, родители на Тоше долго време не се појавуваа во јавноста и живееја мирен и повлечен живот по смртта на нивниот син.

Тоше загина на 16-ти октомври 2007 година во сообраќајна несреќа во Хрватска. Несреќата се случи во близина на Нова Градишка, кога возилот од марката „волксваген Туеарек“ во кое се наоѓал Проески удрил во приколка на камион. По извршениот увид на местото на несреќата, беше соопштено дека Проески загинал на самото место на несреќата, а причината за неа било непочитувањето на сообраќајните прописи односно непридржувањето на потребното растојание меѓу возилата.

Во инцидентот тешко беше повреден возачот на џипот Ѓорѓе Ѓорѓески, а полесно менаџерката на Тоше, Љиљана Петровиќ.

Слични содржини