Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве превентивно ги заштитија крошните на палмите на кејот на Вардар поради најавата на пониски температури.
За ова се пофалија од јавното претпријатие на својот Фејсбук профил.
Инаку палмите, од кои дел се исушија, а дел беа уништени, се купени со злоупотребени пари на државата.
Цената одредена од компанијата која ги продала палмите е многу повисока од вистинската, односно пазарната цена. Екс директорот на Македонски шуми, Жарко Караџовски, е осомничен дека заедно со 20 бизнисмени од Тетово и Гостивар злоупотребил државни пари во вредност од 1 милион евра.
Истражувањето на ТВ21 покажа дека компанијата Росен Центер ги продала палмите со неколкукратно повисока цена.
Палма од 5 метри, цена од фактура 4 233, а на Македонски шуми и се продадени се за 28 438 денари.
Палма од 6 метри, цена од фактура 5 751, а на Македонски шуми и се продадени се за 39 814 денари.
Палма од 8 метри, цена од фактура 13 687, а на Македонски шуми и се продадени се за 45 502 денари.