Грчкиот парламент ноќеска гласал закон за сурови економски мерки, предвидени со договорот со меѓународните кредитори во програмата за третиот спасувачки план за земјата во обем на 86 милијарди долари, пренесе РИА Новости,

20151017.pelujdmgkr По барање на пратениците гласањето беше поединечно . Секој од осумте члена на законот беше изгласан одделно.Законот “За мерките за реализација на договорот за економските и структурните реформи”, беше усвоен со гласовите на владејачката коалиција “СИРИЗА” и “Анел” со 154 гласа. Вкупно во коалицијата има 155 пратеници. Пратеникот на “Анел” Никос Николопулос гласаше против шест од членовите во законот, иако принципиелно рече дека го поддржува. Во гласањето учествуваа 294 од вкупно 300 пратеници во парламентот. Опозицијата беше против. Без одобрувањето на овие мерки немаше да биде возможно одржувањето на првата проценка за исполнување на грчките програми за реформа и на кредити за грчката економија.

Слични содржини