Парламентот повторно без опозицијата за ребалансот на Буџетот

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Во Собранието денеска ќе започне расправата по предложениот ребаланс на Буџетот за 2015 година, што Владата го усвои во петокот. И оваа битна „расправа“ ќе помине  со истомислениците на власта без опзицијата, што ќе рече со фингирана и режирана „парламентарна дебата“.

денари

На седницата на матичната Комисија за финансирање и буџет денеска на дневен ред е Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2015 година. По предложениот ребаланс ќе расправа и Законодавно-правната комисија.

Целта, според Владата е , со предложениот ребаланс е да се обезбеди засилена развојна компонента и задржување на социјалната стабилност. Тие тврдат дека причина за ребаланост на буџетот се вишокот средства од над 10 милијарди денари на приходната страна во првите шест месеци од годинава во однос на претходната година.

Опозицијата и експертие предупредија дека власта си подготвува предизборен Буџет, купување на гласачи  пензиониери и студенти, вработувања  и повтороно задолжувања расфрлање со народни пари.

БДП за 2015 година е ревидиран на 3,5 процентен раст, а буџетскиот дефицит ќе изнесува 3,6 проценти од БДП. Според владините статистики приходите се повисоки за околу 14 отсто во однос на тој период 2014 година, а во однос на планираните за 6 отсто.