Во грчкиот парламент e формирана посебна комисија која ќе ги испита причините за акумулација на мулти милијарди долари државен долг на земјата, објави претседателката на законодавниот орган Зое Константопулу за време на состанокот со претседателот на парламентот на Република Кипар Jaнакис Хомер.
Комисијата треба да стане “алатка за обновата на правдата за грчкиот народ” и да утврди како земјата направила неколку милијарди долари долг, и кој е одговорен за потпишување (од поранешната влада) на меморандум за мерките за штедење во замена за заемите. Според Константинопулу, кредиторите ” ја уценуваат земјата со меморандуми, кои немаат ништо заедничко со почитувањето на националниот суверенитет и почитувањето на парламентаризмот, кој е суштината на демократијата”.
Портпаролот најави и формирање на комисија која ќе се зафати со подготовка на барањата за воени репарации од Германија поради злосторства за време на Втората светска војна.Според договорот од 1960 година Германија и платила на Грција 115 милиони марки репарации. Но износот – околу 59 милиони евра – се смета од многу Грци за смешен и симболичен. / ТАСС
