30
Американската војска ќе го консолидира своето воено присуство во Сирија во следните недели и месеци, што би можело да го преполови бројот на војници во земјата, изјави портпаролот на Пентагон, Шон Парнел.
Американската војска има околу 2.000 војници во Сирија во неколку бази, главно во североисточниот дел на земјата, и работи со сириските сили за да го спречи повторното активирање на Исламската држава, која зазеде големи делови од Ирак и Сирија во 2014 година, но подоцна беше потисната, според Ројтерс.
„Со овие внимателни одлуки, бројот на американски војници во Сирија ќе се намали на помалку од илјада во следните месеци“, рече Парнел.