Парното поскапува за 14,18%

од Nikola Popovski

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски денеска соопшти дека цената на парното греење во најголемата топлинска мрежа во Скопје, од 1-ви август поскапува за 14,18%.

-За потрошувачките во железарското греење се зголемува за 15,58%, а за потрошувачите приклучени на мрежата Скопје-Север, цената на топлинската енергија се зголемува за 16,31%. Единствена причина за зголемувањето е драстичното зголемување на цената на природниот гас, која е за 10 пати повисока од цената во изминатиот период, информира Бислимовски на прес-конференција.

Тој додаде дека за првпат во пресметките предвидуваат ТЕ-ТО да задоволи 70% од потребите на потрошувачите, а останатите потреби да ги обезбедуваат топланите во градот Скопје.

-Утврдивме цената на ТЕ-ТО да биде за два и пол пати пониска од цената на топланите. Доколку ТЕ-ТО не работи, цената на парното ќе беше над 100%. Единствена опција во оваа грејна сезона е да се обезбеди природен гас. Без да работи ТЕ-ТО, цената на топлинската енергија драстично ќе се зголеми. Треба и да се знае дека доколку ТЕ-ТО го немаме да произведува електрична енергија, ќе имаме проблем и со снабдувањето, потврди Бислимовски.

Слични содржини