Партиите се договорија да се договорат, за утре закажаа нова средба

од Vladimir Zorba
79 прегледи

За утре попладне е закажана нова средба на Работната група на претставниците на политичките партии потписници на Договорот од Пржино со посредникот Питер Ванхауте.

klub-na-pratenici-540x279

Посредникот Ванхауте по завршувањето на денешните разговори изјави дека на маса биле предлози на ВМРО-ДПМНЕ и оти заради партиски консултации за нив, нова средба ќе се одржи утре во 17:30 часот во Клубот на пратениците.

Пред почетокот на средбата денеска белгискиот посредник изјави дека има нови предлози за медиумите и за прочистување на Избирачкиот список од ВМРО-ДПМНЕ како одговор на претходни предлози на СДСМ.

Ванхауте не ги коментираше предлозите и рече дека тие допрва треба да се разгледаат.

На средбата присуствуваа претставнции на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, како и меѓународни претставници.