78
Координаторите на пратеничките групи го усогласија текстот на измените на изборниот законик и е потпишан од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ, а се чекаат потписите да ги стават и ДУИ и ДПА, информира 24Вести.
Претходно пратениците се договрија на нивниот ред на собраниската седница, да биде ставен единствено предлогот за измените на изборниот законик, а не како што инсистираше власта, и измените на законите за влада, за МВР и Агенцијата за медиумите. Се очекува на пленарната седница да биде закажана во 20 или најдоцна до 21 часот, бидејќи рокот за донесување на измените на изборниот законик истекнува на полноќ.