Партија на пензионери: Да останеме сплотени како нација, масовно да учествуваме во пописот

311 прегледи

Во рамки на претстојниот попис во земјава, ставовите се поделени околу организацијата, здравствената безбедности и политичките намери. Оттаму, Партијата на пензионерите излезе со свој став и преку соопштение повика граѓаните масовно да учествуваат во оваа статистичка операција.

„Почитувани сопартијци од ПП, пензионери и сите останати граѓани, Ние, пензионерите, како луѓе со богато животно искуство, загрижени, а мотивирани да обезбедиме подобра и предвидлива иднина за нашите најблиски и потомците, ГИ ПОВИКУВАМЕ СИТЕ ГРАЃАНИ, заедно со нас, активно, одговорно и масовно да учествуваат на претстојниот попис.

Во моментов и покрај предизвиците пред кои, сите нас, не исправа епидемијата со КОВИД-19 е мошне значајно, почитувајќи ги пропишаните здравствени протоколи, да ги исполниме граѓанското право и обврска, така што секој поединечно и сите заедно на државата ќе и обезбедиме веродостојни статистички податоци, врз база на кои, сегашната но и идните власти, ќе ги креираат политиките кои се од егзистенцијално значење за развиток на општеството, здравството, образованието, економијата и безбедноста, со цел остварување подостоинствен и посигурен живот за идните генерации.

Како Партија на пензионери, ги осудуваме иницијативите за бојкот на пописот.

Со бојкот и апстиненција само се уназадува општеството, се зголемува нетолеранцијата и се поттикнува омразата.

ВЕ ПОВИКУВАМЕ ЗАЕДНО ДА ПОКАЖЕМЕ ДЕКА МОЖЕМЕ ДА ОСТАНЕМЕ СПЛОТЕНИ КАКО НАЦИЈА, ДЕКА, ФОКУСИРАНИ КОН ИДНИНАТА, МОЖЕМЕ ДА ГО СОВЛАДАМЕ СОМНЕЖОТ И ВО ДУХОТ НА ТАКВОТО ЗАЕДНИШТВО МАСОВНО ДА УЧЕСТВУВАМЕ ВО ПОПИСОТ НА НАСЕЛЕНИЕТО“, се вели во нивното соопштение.

Слични содржини