Партијата на Арсовска освои вкупно 3438 гласови од кои во Скопје само 1571

од Nikola Popovski
243 прегледи

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска која е претседателка на партијата Нова Алтернатива на вчерашните парламентарни избори освоила вкупно 3.438 гласови по обработени 99 отсто од гласачките ливчиња, што е премалку за пратенички мандат.

Арсовска во Изборната единица 1 каде што ја предводеше и листата на Нова Алтернатива, освоила 1.571 гласа или во проценти само 0,85%. Во Изборна единица 2, партијата доби 1.109 гласови.

Нова Алтернатива имаше листи и во третата и во четвртата Изборна единица каде освои 410 гласови односно 348 гласови, соодветно.

За споредба, на локалните избори во 2021 година, кога Арсовска која тогаш беше поддржана од ВМРО-ДПМНЕ го победи Петре Шилегов во трката за скопски градоначалник, во првиот круг освои 86.698, а во вториот 118.749 гласови.

Државната изборна комисија ги објави првичните проекции за бројот на освоени пратенички мандати во Собранието. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ освои 58 пратеници, СДСМ и коалицијата „За европска иднина“ има 18 пратеници, Европскиот фронт, предводен од ДУИ е со 19 мандати, коалицијата „ВЛЕН“ освои 13 пратенички места, а во Собранието пратеничка група ќе имаат Левица и Знам, кои освоија по 6 пратеници.

Слични содржини