Партијата на Каракачанов: Бугарија следната година да го испрати Гарванлиев на Евровизија

од Nikola Popovski
407 прегледи

„Доколку Република Северна Македонија го повлече Васил Гарванлиев од учеството на Евровизија, Бугарија треба да го испрати следната година“, стои во соопштението на прес-службата на бугарската партија ВМРО – БНД.

Според нив, антибугарскиот бран и омразата што се истурила врз пејачот со бугарско државјанство „покажуваат дека нашата непопустливост за членство на Македонија во ЕУ е целосно точна“.

„Живееме во 21 век, Југославија не постои и ако сакаат да станат дел од Европската унија, мора да ја заборават големата македонска идеја и лажната „македонска нација“. Сè додека ВМРО е во бугарскиот парламент, нема да дозволи воинствен српско-македонизам во ЕУ“, стои во соопштението на партијата, објавено од бугарската новинска агенција БТА.

Во ново интервју, овојпат дадено за „Дојче Веле“, македонскиот евровизиски претставник Васил Гарванлиев повторно проговори на темата која ги разгоре страстите на социјалните медиуми.

На прашањето како се чувствува, со оглед на фактот што има и македонско и бугарско државјанство, тој вели:

„Како човек! Со огромно срце и искрена душа полна со приказна и музика. Да, јас сум роден во Македонија и верувале или не сум еден од најгордите Македонци. Но, факт, фамилијата не си ја бираме, роднините не си ги бираме. Мојата баба, мајка на мојот татко кои не се повеќе со нас, е родена во село надвор од Петрич. Не се извинувам за тоа. Јас сум горд и на тоа. Но, јас сум Македонец“, вели Гарванлиев.

За потсетување, неодамна се покрена и онлајн петиција според која се бара да се повлече претставникот на Евровизија, Васил Гарванлиев откако беше објавен според видео запис на кое многумина го препознаа бугарското знаме.

Слични содржини