Партијата на Македонците во Србија бара од Сиљановска Давкова да го отповика Фрчкоски од ОН поради гласањето за Резолуцијата за Сребреница

од Nikola Popovski
1,3K прегледи

Партијата на Македонците во Србија планира да излезе со барање до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за отповикување на амбасадорот на Македонија во ООН, Љубомир Фрчкоски по нејзината изјава дека не била консултирана по повод гласањето за Резолуцијата за геноцидот во Сребреница.

-Бараме веднаш да се отповика амбасадорот во ООН бидејки гласал без консултации со претседателката на државата, загрозувајќи ги државните и националните интереси. Бараме да му се одземе агреманот кој го дава претседателот на државата. Наскоро не очекува и гласањето во Советот на Европа и новото Собрание треба да размисли кој и како ќе гласа, да не спроведува свои лични ставови кои не се во согласност и не одразуваат ставови на македонското Собрание, се вели во апелот на претседателот на партијата, Горан Илијевски, доставен до „Локално“.

Од Партијата на Македонците во Србија исто така прашуваат дали му се одземени ингеренции на екс-пратеникот, Дарко Каевски. Ова следува откако Косово доби препорака да стане членка на Советот на Европа, а на парламентарното собрание на Советот на Европа „за“ гласаа токму Каевски и Арта Билали-Зендели од ДУИ, како претставници од Македонија. Од партијата на Илијевски сметаат дека „Каевски гласал без да се консултира со надлежните институции“.

За гласањето за усвојување на Резолуцијата за Сребреница каде претставниците на 84 земји гласаа за усвојување, меѓу кои и Македонија, 19 држави беа против, а 68 воздржани, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со став дека нашиот амбасадор во ОН требало да се консултира со неа, а не само со министерот за надворешни работи.

Колку за потсетување, српскиот претседател Александар Вучиќ пред неколку дека порача дека е „разочаран од тоа како гласаше Македонија“, затоа што како што кажа „вложил многу за подобрување на односите со Македонците“.

Резолуцијата на ОН го прогласува 11-ти јули за Меѓународен ден на сеќавање и комеморација на геноцидот во Сребреница во 1995 година, кој ќе се одбележува секоја година.

Слични содржини