Партијата на Македонците во Србија бара од Силјановска Давкова да ја поништи одлуката за Резолуцијата за Сребреница

од Nikola Popovski
332 прегледи

Претседателот на Партијата на Македонците во Србија, Горан Илијевски испратил писмо до новата претседателка Гордана Силјановски-Давков, да се огради од „непромислената“ одлука на министерот за надворешни работи, Бујар Османи и со тоа да ја поништи одлуката за Резолуцијата и прогласувањето геноцид во Сребреница.

Пред гласањето за Резолуцијата, Османи изјави дека С.Македонија е еден од коспонзорите на Резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница.

Илијевски во писмото наведува дека одлуката на Османи е „приватна“ и дека е донесена надвор од македонските институции.

„Ова им наштетува на односите со Србија и македонската национална заедница во Србија, која е составен дел на српскиот народ. Бараме итен одговор пред седницата на ОН и нови инструкции до нашиот амбасадор во ОН“, вели Илијевски во писмото.

Screenshot

Шефот на Мисијата на БиХ во ОН, Златко Лагумџија, на 2-ри мај потврди дека е договорен конечниот предлог за Резолуцијата за геноцидот во Сребреница.

Договорениот текст на Резолуцијата за Сребреница го прогласува 11-ти јули за Меѓународен ден на сеќавање и комеморација на геноцидот во Сребреница во 1995 година, кој ќе се одбележува  секоја година.

Слични содржини