Партијата на пензионери најостро го осудува малтретирањето на повозрасни лица во некои приватни установи во Скопје

Партијата на пензионери, исто така потенцира дека на вакви појави укажувала во повеќе наврати во минатото

од Nikola Popovski
62 прегледи

Партијата на пензионери најостро ја осудува појавата на  нехуман третман на стари лица – корисници на услуги за вон-семејна заштита, во неколку приватни установи за оваа намена во Скопје.

Партијата на пензионери, исто така потенцира дека на вакви појави укажувала во повеќе наврати во минатото.

-Исто така даваме полна поддршка на институциите за темелно и доследно справување со ваквите и сличните инциденти во целата држава.

Грижата за највозрасните граѓани е еден од основните постулати на секое современо општество, а воедно и едно од основните принципи и темели на работата на Партијата на пензионери, стои во соопштението на ПП.