Партиски функции на ДУИ, мисиите и политичката реинкарнација на Муса Џафери

од Destan Jonuzi

Покрај раководството на партијата, Демократската унија за интеграција (ДУИ) во саботата ги избра и членовите на Надзорниот совет, најконтроверзно име на овој совет е она на Муса Џафери, поранешен висок владин функционер во владата на ДУИ со ВМРО-ДПНЕ. Покрај тоа, тој не е член на потесното раководство на партијата, туку е „фронтмен“ на таканаречената „Огнена група“.

Покрај Муса Џафери, во партијата силно се позиционирани и други членови на „Огнената група“, Изет Меџити продолжува да биде потпретседател на интегристите, додека градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџери е именуван на функцијата организационен секретар на ДУИ, функција која Артан Груби – актуелен прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците ја извршуваше од 2019 година до 15 октомври.

Она што може да се заклучи од настаните во најмоќната партија во албанската политичка сцена, ДУИ на Али Ахмети, која 20 години од формирањето не изгубила на ниту едени избори и е во континуитет на власт, е дека т.н. „Огнена група“ е силно позиционирана во партијата, додека Муса Џафери политички се реинкарнира. Со рециклирање на стари политички фигури, без да им се даде шанса на нови, „бурата“ штотуку започна, а ДУИ е далеку од мирен сон.

НОВАТА ЕНЕРГИЈА НА ДУИ ЌЕ ЈА ДОНЕСАТ СТАРИТЕ ФИГУРИ

Портпаролот на ДУИ и актуелен шеф на дипломатијата на Македонија, Бујар Османи, вели дека има судири во сите политички партии, но моќта е во тоа како тие судири да се надминат.

– Никој не е сменет од функцијата, туку е избран нов претседателство. Генералниот совет на партијата одлучуваше не само за членовите на централното раководство, туку и за потпретседателите и генералните секретари. Мислам дека Артан Груби е дури и унапреден во ова централно претседателство, бидејќи е член на Претседателството. Ќе видите, нова енергија во ДУИ и по ова централно претседателство, изјави Османи.

Фронменот на „Огнената група“, Муса Џафери изјави дека дури и противниците на неговата група ќе се согласат дека почитувањето на правилата е во најдобар интерес на партијата.

– Мислам дека ние, една група во партијата, партиски функционери, го кренавме гласот, гледајќи дека ДУИ има големи дефекти во внатрешната организација и требаше колективно да се конституираат органи и да се носат одлуки, да се бара одговорност и верувам дека дури и оние што беа противници на оваа таканаречена „огнена“ група ќе се согласат дека почитувањето на правилата во партијата е во најдобар интерес на партијата“, изјави Џафери.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пак, вели дека на партиските функции има мисии и голема тежина на одговорност.

– Им честитам на избраните членови на централното претседателство кои ја добија довербата од Генералниот совет, потсетувајќи ги дека над партиските функции лежат мисиите и големата тежина на одговорноста, нагласи Ахмети.

НЕ САМО МИНИСТЕРИТЕ НА ДУИ, ТУКУ ДА СЕ СМЕНИ ЦЕЛА ВЛАДА

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Хриситјан Мицкоски не ги коментира промените во ДУИ, но вели дека треба повеќе да работи за сите граѓани. Според него, не треба да се сменат само министрите од ДУИ, туку и целата влада и да се организираат нови избори.

– Се надевам дека по овие случувања ќе излезат поподготвени и посилни, поамбициозни и ќе работат за граѓаните без разлика дали граѓаните се од власта или од опозицијата, без разлика дали се определени или не определени за која било партија, без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци или други. Важно е во овие тешки моменти за граѓаните да им понудиме решенија за многуте проблеми што ги имаат. Мислам дека треба да се смени владата. Делумните промени не се решение за проблемот. Колку побрзо се смени и дојде нова влада која ќе го има легитимитетот на народот, изјави Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Од Алијансата за Албанците (АА) за „Локално“ велат дека вистинскиот „оган“ на ДУИ паднал врз образованието, основците и средношколците кои продолжуваат да одат на училиште со празни ташни, без книги. „Никој не го гасне овој пожар, освен што го изгасна пожарот на Муса Џаферирт“, велат од оваа партија.

Движењето БЕСА на Билал Касами последните случувања во ДУИ и изборот на новото раководство на оваа партија ги споредуваа со турските серии. Од таму велат дека планираните судири меѓу функционерите на ДУИ биле направени за да се оттргне дебатата од одговорноста што партијата на Али Ахмети треба да ја сноси за штетите што им ги нанесе на Албанците од Северна Македонија во текот на двете децении на власт.

ДУИ во саботата на седница на Генералниот совет избра 34 нови членови на Претседателството, меѓу кои и потпретседатели и партиски секретари. Таканаречената „огнена група“ се здоби со добар дел од овие функции.

Д.Ј.

Слични содржини