Партиски реакции за одлуката на судот да нема притвор на обвиненијата од СЈО

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Не стивнуваат партиските реакции по одлуката на осомничените во Случајот „Титаник“ да не им се одреди мерката притвор која вчера ја побара Сецијалното Јавно обинителство. По распитот на дел од осомничените Судот утрово објави дека судиите на предходна постапка потпишале решение со кое осомничените се ослободени од мерката притвор. pavle 2

“Специјалното јавно обвинителство да работи професионално, законито и сите одлуки да бидат поткрепени со цврсти докази”, како и транспарентно, како силна брана од обидите за негова блокада и дисквалификација, порача од Кочани Павле Трајанов.

Поради таквата одлука Либералната-демократска партија смета дека земјава има итна потреба од формирање на специјален суд кој ќе ги процесуира обвиненијата на Специјалното јавно обвинителство.

На одлуката на судиите да нема мерка притвор за осомничените реагираа и албанските партии. Партијата за Демократски Просперитет повикува на почитување на презумцијата на невиност на лицата кои се осомничени од страна на Специјалното обвинителство.

ПДП се надева дека притисоците од одредени личности и политички партии врз работата на Специлајната обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим дефинитивно ќе престанаат и така ќе овозможуваат тимот професионално и во рамките на Уставот и законите да ја врши својата работа.

Партијата на Руфи Османи, Националната демократска преродба  пак смета дека главниот збор за развојот на земјата е владеењето на правото и зајакнување на институциите. Вчерашниот развој на настаните од страна на Специјалното Јавно Обвинителство го потврди конзистентниот став на НДП дека владеењето на правото ќе стигне кај секој поединец или групација што се осмелил да ги повреди и ослаби на максимум институциите на државата.

frodem

Работата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) не е залудна и е исклучително ценета од граѓаните на Репубика Македонија. Режимски судии, пристрасни судии, инсталирани од оваа власт, не смеат да одлучуваат за вакви случаи, реагира во соопштение Трифун Костовски како претставник на Здружението на граѓани „Човекот пред сè“.

Од ФРОДЕМ пак сметаат дека судството остана недопирлив бастион на режимот. Праксата и статистиката недвосмислено покажува дека судот за многу полесни кривични дела определувал мерка притвор. Опасноста за влијание на сведоците од страна на високите партиски функционери е огромна и се поизвесна.

Јанкуловска и Божиновски не се во државава

Во оваа смисла поединците судии кои одлучуваат во вакви сложени предмети не треба да дозволат да бидат заглавени во политички лавиринти поради кој патот до правдата, односно до фактите и сведоците, сериозно може да биде доведен во прашање.

Вчера во Основниот суд Скопје 1 на распит се јавија дел од главните сведоци Миле Јанакиевски и Едмонд Темелко кои Специјалното јавно обвинителство ги товари за  изборни малверзации.