Пашинјан ја поздрави изјавата на Бајден: „Ова е голем ден“

од Nikola Popovski
276 прегледи

Премиерот на Ерменија, Никол Пашинијан, ја поздрави изјавата на американскиот претседател eо Бајден, со која тој признава дека е извршен геноцид врз Ерменците во Првата светска војна.

„Ова е одличен ден за сите Ерменци. По резолуциите усвоени на американскиот конгрес во 2019 година, претседателот Бајден им оддаде почит на споменот на жртвите на ерменскиот геноцид. САД уште еднаш ја покажаа својата непоколеблива посветеност на заштитата на човековите права и универзалните вредности“, напиша Пашинјан на Твитер.

„Денес им оддаваме почит на милион и пол маченици, жртви на криминалната политика на Отоманската империја за време на Првата светска војна. Идеологиите што доведоа до геноцид врз Ерменците и денес се живи, што ги покажува злосторствата извршени врз Ерменците од Арках за време на неодамнешната војна“, твитна претходно ерменскиот премиер.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави денес дека османлиските турски сили извршиле геноцид врз Ерменците во 1915 година. Бајден стана првиот американски претседател по 40 години кој официјално го призна геноцидот врз Ерменците, и покрај противењето на Турција.

Во соопштението издадено од Белата куќа се вели дека „еден и пол милиони Ерменци биле депортирани, масакрирани и изнесени во смрт во кампања за истребување“.

Слични содржини