392
Ерменскиот премиер Никол Пашинјан смета дека за неколку дена повеќе нема да има Ерменци во Нагорно Карабах, кои масовно го напуштаат регионот.
„Анализите покажуваат дека во наредните денови нема да има Ерменци во Нагорно Карабах. Ова е директен чин на етничко чистење и депортација, за што долго време ја предупредувавме меѓународната заедница“, рече Пашинјан на владиниот состанок, јавува Тасс.
Според ерменскиот вицепремиер Тигран Хачатријан, утринава до 9 часот по московско време, повеќе од 66.000 пристигнале во Ерменија од Нагорно-Карабах, што е повеќе од половина од 120.000 жители на непризнатата република.