Паспорт индекс го врати уставното име на Македонија на ранг листата

од Vladimir Zorba
127 прегледи

Најголемата веб мрежа за пасоши „Паспорт индекс“ го врати првобитното име на Република Македонија, откако ја именуваше како Северна. По голем број реакции од Mакедонците ширум светот, сајтот направи промена на информацијата.

Македонија има постигнато договор со Грција, за решение на деценискиот спор за името, но се уште не се спроведиле договорените цели.

Според рангирањето на „паспорт индекс“ со македонскиот пасош без виза може да се патува во 117 земји – без виза во 76 земји, во 41 земја виза се добива при пристигнувањето, а за 81 држава потребна е виза.