Англиски Пастор беше осуден на 21 години затвор, бидејќи злоупотребувал жени кои доаѓале кај него да се исповедаат, пишува metro.co.uк. 70-годишниот Џон Вилсон од Западен Јоркшир, им велел на оштетените дека ќе ги избави од злите духови пред да ги силува.
Пред судот тој беше наречен “волк во овча кожа”, кој зад маската на пристојноста злоупотребувал најмалку шест жени во периодот од 1984 и 2010 година Жените се наоѓале во емоционална криза.