„Секако дека ќе се плаќаат патарини затоа што по Законот за ЈП во државава на сите автопати се плаќа патарина по такса утврдена со закон“, изјави денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, одговарајќи на прашање за целосната реконструкција и проширување на автопатот Тетово – Гостивар.
Тој додаде дека тоа е исклучиво само поради аспектот да имаме модерни патишта и да можеме да ги одржуваме и во зимски услови да ги исчистиме од снег и да бидат во подобра кондиција.
„Патиштата се лицето на земјата. Владата има во план целосна реконструкција на овој автопат којшто ќе биде и покомотен и побезбеден, рече Бочварски во одговор на прашање при денешниот увид во реконструкцијата на улицата „Гоце Делчев“ во Тетово.