Патека со пречки за Трамп: Екс претседателот на САД не може да се доближи до социјалните мрежи

Социјалната мрежа Фејсбук од својата платформа презема снимка од интервјуто на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Фејсбук објасни дека видеото е преземено „во согласност со блокадата на сметките на Трамп на Фејсбук и Инстаграм“.

„Ова правило важи за сите сметки и страници на кампањата, вклучително и тимот на Трамп, други апликации за пораки и поранешни сурогати“, стои во е-пораката на Фејсбук објавена на нејзината сметка на Инстаграм од снаата на Трамп, Лара Трамп, коментатор на Фокс Њуз.

Фејсбук предупреди дека целата содржина објавена во име на Доналд Трамп ќе биде отстранета и ќе резултира со дополнителни ограничувања на сметката.

Доналд Трамп беше избркан од Фејсбук на почетокот на јануари по упадот во Капитол и инсистирајќи дека бил ограбен на изборите.

Засега е непознато кога и дали на Трамп ќе му биде дозволено да се врати на социјалните мрежи.

Слични содржини