Меган Маркл откако се омажи за принцот Хари стана британска војвотка и ја прифати должноста која ја налага таа титула. Нова средина, луѓе, британското кралско семејство и строгите правила во неа буделе непријатно чувство, стрес и потешкотии од кои конечно се ослободила.
Сопругата на принцот Хари во октомври во документарецот објавен по афричката турнеја прозборе за се што ја мачи во последните три години од влегувањето во кралското семејство.
Наталожениот стрес предизвикан од недоличното однесување на јавноста, медиумите и осудувачкиот став кон неа резултирал со одлука за заминување од Британија, а на тој животен предизвик ѝ се придружи и нејзиниот сопруг принцот Хари како и наследникот Арчи.
„Немав поим со колкав притисок ќе се судрам. Кога се заљубив во Хари моите американски пријатели беа среќни за мене, но оние од Британија ми рекоа дека таблоидите ќе ме уништат и да не се впуштав во тоа. Тешко е. Не многу луѓе ме прашале како сум. Не сум баш добро. Тешко е да бидеш во фокусот на јавноста и да бидеш млада мајка, жена“ рече тогаш Меган со солзи во очите.
Трочленото семејство на почетокот од одината својот нов живот го побара во Канада, во близина на Ванкувер. Меган и Хари ги напуштија своите кралски должности и одлучија да бидат независни и да градат сопствен пат, надвор од британската монархија.
„Постојано велам дека не е доволно да преживееш, треба да живееш и блескаш“, рекла во својот документарец Меган, а потоа најдоа решение како нејзината иднина да биде помалку стресна.
Како што зборуваат нејзините пријатели за американските таблоиди, Меган за време на животот во кралското семејство патела од депресија, напади на паника и била под неверојатетн стрес, па, наводно, со денови не спиел од грижа како ќе изгледа нејзината иднина доколку не се смени ништо.
„Откако е во Канада, видливо е дека блеска и дека е под многу помалку стрес. Таа и Хари напросто уживаат во Канада, им се допаѓа животот таму. Се е многу помирно, поприродно за растење на детето и тие како сопружници можат да се посветат еден на друг во потполност“, рекол пријател близок на Меган за магазинот People.