Патишта на смртта, воени зони, вулкани: Овие морничави дестинации се омилени меѓу туристите

517 прегледи

Туристите кои се во потрага по својата дестинација неретко посетуваат места кои се опасни по нивниот живот, пишува The Sun. Од активни вулкани, до воени зони, ова се местата на кои опасноста е висока, а шансата за смрт чека на секој чекор. Додека некои сакаат да се опуштат кога се на одмор, други сакаат да се тестираат себе си во различни ситуавции.

Ова се само некои од опасните места кои привлекуваат неверојатно голем број туристи.

Трката со бикови, Памплона, Шпанија

Овој „спорт“ е мета на активистите за заштита на животните поради начинот на кои луѓето ги третираат биковите. И покрај тоа, илјадници луѓе излегуваат на уиците на Памплон секоја година за да бегаат од овие животни.

Од 1910 година, кога започна интересот за оваа трка, имало 15 смртни случаи и над илјада повреди. Како и обично, тоа не ги спречи луѓето да сакаат да уествуваат или да ја гледааат оваа трка.

Улица на смртта, Боливија

Пат долг 60 километри, меѓу Ла Паза и Јунгаса во Боливија, привлекува 25.000 туристи секоја година поради возбудата која ја нуди. Овој пат е познат и како Пат на смртта поради високата стапка на смрт поради опасностите кои демнат.

Стрмни карпи, кривини и гужва се причините за 300 смртни случаи секоја одина. Во 1983 година автобус паднал преку карпа во кањонот,а притоа загинале повеќе од 100 патници. За среќа, патот во последниве години е модернизиран, па така се намалува смртноста.

Фаќање торнада, Оклахома, САД

Популарна тура во Оклахома е фаќање торнада, кога туристите се возат во караван за да најдат и „фатат“ торнадо. Иако туристите одат со експерти кои ја следат ситуацијата со соврмеена технологија, ризикот од смрт пред природната катастрофа е висок. Минатата година Оклахома забележа најголем број на торната, а во март двајца починале, додека 29 биле повредени.

Експертите го обвинуваат филмот Twister ос 1996 година за популарноста на овој вид туризам, што предизвикува улиците да се полни за време на торнадата.

Карпата Half Dome, парк Јосемите, Калифорнија, САД

Јосемите е популарен меѓу планинарите, а особено природната карпа Half Dome. Таа се протега на 1.524 метри, а последните 120 се најтешки за поминување, бидејќи имаат скоро вертикален пад.

Иако се ставени конопи за качувачите да се држат за нив, сепак имало 12 мртви случаи од 1948 година, како и стотици повредени. Ито така, потребна ви е пропусница за гости за да можете да е качувате таму.

Врвот Монт Еверест, Непал

Монт Еверест е исто така популарен меѓу качувачите, а тука загинле околу 300 луѓе кои се обидувале да дојдат до врвот. Последната година кога е збележано дека немало смртен случај била 1977 година,а таа година само двајца се обиделе да се качат на врвот.

Многумина како причина за големиот број смртни случаи ја гледаат преголемата бројка на уѓе во екпедициите, бидејќи самиот пат до горе создава проблем и за искусните качувачи и е познат како „зона на смртта“. Групите посебно задоволство напѓаат во освојувањет на планината на зима, кога временските прилики се доста неповолни.

Вулкански тури, Хаваи

Хаваи имаат три активни вулкани, а нивната посета е многу популарна кај туристите. Во посета се оди со хеликоптер или брод, каде се дава неверојатен поглед на ерупциите, но тоа носи свои ризици.

Додека стапката на смрт е ниска, ризикот од повреди кои настануваа од жешкиот песок на лавата е висок. На брод со туристи во 2018 година, 23 луѓе биле повредени откако биле погодени од врели камења. Минатата година, еден маж исто така беше тешко повреден откако паднал од 70м височина во вулканот Килауеа на Хаваите.

Чернобил, Украина

Чернобил претставува едно од најопасните места на светот поради високата стапка на радијација, опасна по животот на луѓето, уште од нуклеарната катастрофа во 1986 година. И покрај тоа, одобрени се туристички посети за некои делови каде радијацијата не е толку висока, а туристите мораат да имаат водич.

Оваа катастрофа, според службените податоци, убила 31 човек, иако ѝ се препишуваат уште илјадници смртни случаи како последица на радијацијата.

Ирак

И покрај тоа што владата ги предупредува туристите да одбегнуваат да ја посетуваат земјата, поради борбата со ИСИС, сепак многумина ја посетуваат оваа држава. Посетите се извршуваат исклучиво со водич и најчесто се многу скапи, со големо осигурување и многу малку летови.

Викториините водопади, Замбија

Викториините водопади се едно од 7 светски чуда и воедно се и најголемите водопади. Туристите доаѓаат до Ѓаволскиот базен и храбро е наведнуваат преку работ за да фотографираат.

Иако нема смртни случаи во базенот, водопадите се сигурни за посетување единствено од август со јануари, кога водата доволно пресушува за да направи базени од камења. Посетата на ова место во друг период од годината може да има смртни последици.

Слични содржини