Патничка аптека – што да понесете со себе на вашето патување?

од Stefanija Kuzmanovska
460 прегледи

Повреди, алергии, изгореници, каснувања од инсекти, стомачни проблеми, сето тоа може да го искомплицира долгоочекуваниот одмор. Затоа патувачката аптека е нешто на што не треба да заборавите.

За да не се претвори одморот за вас и вашето семејство во боледување, најдобро е навреме да се информирате без кои лекови не треба да одите на пат, кои се најчестите несакани реакции на лековите, како и да не ја започнувате и завршувате терапијата на своја рака.

Доктор Јелена Митрашиновиќ од Агенцијата за лекови и медицински помагала на Србија за РТС изјави дека најважно е да се донесе хронична терапија која му е позната на пациентот. Пред да заминете на одмор, важно е да се пресмета вкупната количина на лекови што ќе ни требаат за целиот период на одмор.

„Кога се подготвуваме за одмор, треба да размислиме што би можело да ни затреба за време на одморот. Патничката аптека треба да содржи лекови против покачена температура, болки, алергии, дијареа, пробиотици, како и препарати за рехидратација. Секако, важно е и во која фармацевтска форма се наоѓаат препаратите кои ќе ги земеме на патување“, истакна докторката, пренесе N1.

Чување на лековите

„Лековите се чуваат во оригинално пакување, бидејќи за секој лек има услови за стабилност, со цел да се зачува ефикасноста на лекот. Потребна е претпазливост кога се во прашање лековите“, вели д-р Митрашиновиќ.

Таа напоменува дека е важно да се користат лекови во договор со лекар за да се избегнат несакани последици за кои понекогаш не сме ни свесни.

Слични содржини