Патнички авион имал блиска средба со НЛО, пилотот до контролата на летање: „Имам едно прашање“

од Stefanija Kuzmanovska
579 прегледи

Пилот на патнички авион во саботата имал несекојдневна средба на небото над Словенија која не можел да ја објасни, па на помош ја повикал контролата на летот.

„Имам едно необично прашање – дали можеби има воен авион на приближно 40 или 50 милји од нас на позиција на еден или два часот“, прашал пилотот на патнички авион на TUI Airways во саботата попладне, пренесува Dnevnik.hr.

Авионот кој полетал од аеродромот East Midlands во Велика Британија во 15:45 часот на пат кон грчкиот остров Родос, тоа попладне се нашол под зрак силна светлина. Пилотот не можел да го објасни феноменот, па побарал помош од контролата на летот мислејќи дека можеби се работи за воен авион.

Меѓутоа, контролорот на летот немал никакви информации за воени авиони на таа позиција, а тоа што го опишал пилотот тешко можело да се поврзе со некои летала од земјата.

„Во моментов, има силна светлина што трепка кон нас. Непосредно пред да стапам во контакт со вас, таа светеше кон нас, потоа наеднаш исчезна и почна да трепка. Потоа светлината скокаше наоколу на небото пред повторно да почне да свети постојано“, му рекол пилотот на контролорот. Снимката од нивниот разговор ја објави порталот 24ur.com.

Само минатата недела темата за НЛО беше во најголемите светски медиуми поради комисијата на американскиот Конгрес која сослуша неколку сведоци, меѓу кои и Дејвид Фрејвор, поранешен командант на морнарицата, кој го раскажа својот случај од 2004 година, кој е сличен на овој словенечки.

И тогаш предметот што тој го забележал се поместил на начин што ги збуни пилотите, а американската војска го потврди случајот дури во 2019 година, две години по објавувањето на видеото.

„Технологијата со која се соочивме беше далеку подобра од она што го имавме, што го имаме денес или сакаме да го развиеме во следните 10 или повеќе години“, навел Фрејвор за време на сослушувањето.

Слични содржини