Патниците кои загинаа во подморницата „Титан“ биле свесни за претстојната катастрофа една минута пред имплозијата, изјавил експертот Хозе Луис Мартин.
Шпанскиот експерт за подморници сугерирал дека подморницата изгубила стабилност поради електричен дефект што ја оставил без струја, поради што паднала кон морското дно „како стрела“ со отворот свртен надолу.
Тој проценил дека подморницата почнала слободно да паѓа на длабочина од околу 5.600 стапки и паднала „како карпа и без никаква контрола“ на околу 3.000 стапки додека на околу 8.600 стапки „пукнала како балон“ поради брзо менување на притисокот, пренесува „Гардијан“.
Мартин сугерирал дека патниците биле еден врз друг во застрашувачка целосна темнина во текот на целиот пад, кој траел помеѓу 48 и 71 секунда.
Малата подморница „Титан“ ја загуби комуникацијата со својот брод за поддршка во неделата, на 18 јуни, за време на нејзиното спуштање до потонатиот брод Титаник на длабочина од 12.500 стапки.
Неколку дена подоцна беа пронајдени остатоците од подморницата. Беше објавено дека доживеала „катастрофална имплозија“.
Фото: ABACA / Abaca Press / Profimedia