Вчера во 21:09 часот во СВР Скопје, диспечерка во такси компанија од Скопје пријавила дека возачот С.К. од Скопје барал помош, а се наоѓал во сeло Батинци.


Полициски службеници пристигнале на местото и било констатирано дека С.К. во 20:40 часот од такси станица спроти „Холидеј ин“ качил едно лице, кое, откако пристигнале на локацијата, со закана со нож и со употреба на физичка сила му ги одзел паричникот и дневниот промет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини