Патник починал во авион пред полетување од скопскиот аеродром

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Маж од Тетово починал во авион пред да полета од Меѓународниот аеродром Скопје, потврдиле од МВР. Идентитетот на починатото лице уште не е познат.

Починатиот патник тргнал со лет од Скопје за Цирих, но починал уште пред авионот да полета. Случајот бил веднаш пријавен, а причината поради која тетовецот починал дополнително ќе се утврдува.