360
Патник на скопскиот аеродром сакал да внесе 100 илјади евра во авион, информираат од Царинската управа.
Царинските службеници од ЦИ Аеродром спречиле обид за нелегален износ на непријавени девизи во висина од 90 илјади евра на Меѓународен аеродром Скопје, по извршена контрола на патник кој патувал на релација Скопје – Цирих.
-Патникот со себе носел 100 илјади евра, при што согласно Законот за девизно работење вратени му се 10 илјади евра, а останатите кои не биле пријавени и за кои не поседувал документ се привремено задржани, соопштија од Царината.