349
Во Генералниот конзулат на Северна Македонија во Чикаго, САД непречено тече мобилното издавање на патните исправи за нашите граѓани. Од тамошниот генерален конзулат посочуваат дека досега од околу 160 лица се земени податоци за нови биометриски патни исправи, а 60 од нив веќе ги добиле. Ова претставува позитивно изненадување за нашата дијаспора во САД, за што се изјасни и нашиот генерален конзул во Чикаго, Петрит Муслиу.
„Конзулатот во Чикаго опфаќа 22 федерални единици во САД, што укажува на многубројната дијаспора што живее на оваа територија. Со новата опрема што ја имаме, пасошите ќе се подготвуваат многу побрзо отколку во минатото и заинтересираните страни ќе бидат позадоволни од оваа услуга”, изјави Муслиу.