Патот Дебар-Кичево се очекува да биде готов кон крајот на 2023

од Nikola Popovski
153 прегледи

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски информираше дека патниот правец Дебар-Кичево ќе биде завршен кон крајот на 2023 година и почетокот на 2024 година.

-Со него Дебар ќе го доближиме до Коридорот 8. Секако големо влијание врз изградбата на секој грдежен зафат имаат и временските услови. Се работи за планински крај, каде што многу големо влијание имаат и снежните врнежи и до кога ќе се задржат. Проектот досега оди со одлична динамика и убеден сум дека ќе биде од корист за граѓаните од Дебар и Кичево и од целиот регион за поврзување меѓу двата града, за побезбедно движење на граѓаните и за посилна економија на целиот регион, рече Бочварски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Дебар.

Слични содржини