“Патот на албанските калашникови” – бизнис од 25 000 евра годишно од оружјето употребено за тероризам во Европа

од Vladimir Zorba
124 прегледи

Police hunt for Charlie Hebdo suspects

Швајцарската новинарка Ванин Кабан прави документарен филм кој ја отсликува истрагата која го разоткрива патот на оружјето што се користи за терористички напади во западноевропските земји. Беше прикажан во албанските медиуми во понеделникот.

Со филмот се откриваат  детали за тоа како калашникови кои и претходно се користени исклучително за воените зони и сега во големи количини може да се најдат на црниот пазар, насекаде во Европа.

За да влезе во редовите на терористичките групи, Ванина во АПрил 2014та година пристигнала во Албанија и сама го изодела патот од таму до Европа.

Откако пристигнала во Албанија имала средба со трговци за оружје и луѓето кои се одговорни за транспортот во земјите од Западна Европа. Му поставила и прашање на еден од шверцерите дали е свесен дека со тоа оружје убива луѓе во Европа, а тој и одговорил дека тоа е само бизнис. .

Додека патувала и рекол дека ако ги сопре полиција, да мора да каже дека снимаат репортажа за плажите и туризмот во Албанија а ако и ја земат камерата да ги сокрие мемориските картички во гаките, бидејќи ако некој ги открие. ќе бидат обезглавени.

ВО интервјуто кое го правела со набавувачите на оружјето и рекле дека од тоа се заработуваат 25 000 евра годишно и дека добро е што живее тој бизнис , бидејќи во спротивно не би преживеале.

Според критиките во медиумите, оваа репортажа  треба да ја поттикне борбата против тероризмот и контролата на оружјето во светски рамки.