Од Британија тргна првиот директен теретен воз за Кина, натоварен со артикли како што се витамини , производи за бебиња и лекови,јавува агенцијата Ројтерс.
Патувањето во должина од 12.000км , од источна Англија до источна Кина, би требало да трае три недели , како што наведува агенцијата Ројтерс , напола помалку во однос на времето на патување со брод.
Со неколку десетини контејнери возот со црвена боја тргнал од Stenford –Le-Hope во Есекс за железничката станица Баркинг во Источен Лондон. 
Од Баркинг , возот по Евротунелот ќе стигне до Франција , а потоа ќе го продолжи патот низ Белгија , Германија, Полска, Белорусија и Казахстан пред да го завррши патувањето во кинескиот град Јива.
„Новата железничка врска со Кина претставува уште еден потстрек за глобална Британија , после старата трговска рута. „Патот на свилата„ за испорачување на британските производи ширум светот„изјави британскиот министер з трговија Грег Хендс.
Официјален Лондон настојува да ги подобри трговските врски со остатокот на светот бидејќи се подготвува за излегување од Европската унија наведува Ројтерс и потсеќа дека првиот товарен воз од Кина стигна во Британија во јануари.