Патријархот на СПЦ Порфирије денеска по средбата во Патријаршијата со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека ситуацијата на Косово е многу сериозна и дека тензиите дошле до точка од која лесно можат да да се отворат патишта кои никој од нас не ги сака, затоа што нема да не доведат до мир и рамнотежа, како и дека затоа лично го молел Вучиќ да направи се за да го зачува мирот и да ги спречи вооружените конфликти, пренесе „Танјуг.“
Порфирје навел дека е навистина, во најмала рака, тажен, не само лично, туку и за српскиот народ на Косово и за монасите и монахињите и свештенството кои со радост очекуваа поглаварот на нивната црква да ја посети Пеќската патријаршија.
„Јас само ќе кажам дека Пеќската патријаршија е за нашиот народ и црквата и поглаварот на црквата она што е Ватикан или Латеран за католиците. Замислете некој без причина, со комични објаснувања, само затоа што сака да забрани Папата да влезе во Ватикан или отиде во Латеран“, рече патријархот.
„Има ли поглавар на верска заедница кој не може да ги посети своите луѓе и верници и не може да влезе во неговата куќа?“, запраша Порфирије.
Тој додаде дека мора да се направи се за да се зачува мирот по секоја цена.